Делегација на Владата на Република Македонија денес положи цвеќе и изврши увид на вечното почивалиште на пејачот Тоше Проески во Крушево.
“Многу скоро, до крајот на летото, овде на Гумење ќе биде достојно уредено и завршено неговото вечно почивалиште, кое никогаш не е без посетители. Сите тие го одржуваат споменот во негова чест, споменот на благородната душа која со своите постапки и со своите песни обележа цела една епоха од нашето културно и естрадно творештво, и беше амбасадорот на нашата земја и на неговото Крушево во светот”, рече премиерот Спасовски
Тој образложи дека сега се изведуваат завршните работи и наскоро првенствено неговото семејство, а потоа и неговите обожаватели ќе можат да се поклонат пред неговото вечно почивалиште кое како симбол ја одразува големата религиозност на Тоше Проески и вербата во Бог кој тој ја споделуваше и преку неговата музика.
Мавзолејот чини околу 10.000.000 денари (околу 160.000 евра). Во него е предвидено десно и лево од гробот на Тоше да бидат погребани неговите родители своевремено.