Драматично сведоштво на Благоја Грујовски за борбата со опакиот Ковид вирус

Благоја Грујовски е еден од најомилените фолкери во Македонија и пејач кој ужива симпатии и кај публиката и кај колегите. Ведриот дух и дежурната насмевка се неговиот заштитен знак, а по срдечноста сите го препознаваат. Меѓутоа, изминатите денови не беа лесни за овој ведар човек кој се соочи со тешка симптоматологија од ковид заразата и заедно со лекарите се бореше за својот живот. Неговата здравствена состојба била критична, па пејачот бил хоспитализиран.

За среќа болничкиот третман ги дал очекуваните резултати. Благоја се опоравил и сега е веќе дома помеѓу своите најсакани. Сакајќи да дознаеме како се чувствува и какво искуство помина, го контактиравме пејачот кој како и секогаш многу професионално ни излезе во пресрет и искрено ни раскажа за голготата со која се соочил.

“Да, веќе сум дома и многу подобро, следи период на зајакнување и враќање во форма. Првиот симптом беше болка во телото, па покачена температура. Јас како и мнозинството здрави луѓе имав убедување дека вирусот ништо не ми може, што е голема заблуда. Додека членови од мојата фамилија поминаа со лесни симптоми, мајка ми (82) скоро никакви, јас ја поминав најголемата голгота во животот. Престојував во два ковид центри (8-ми септември) и Аџибадем Систина и немам зборови да искажам благодарност и пофалби за луѓето кои секојдневно се борат за секој пациент. Особено сум благодарен на др. Патриција Каламарас и целиот тим во ковид одделот во Систина каде што бев преземен во многу тешка состојба.

Секако Ковид-19 влијае на психата на секој заболен, особено кај оној мал процент во кој бев јас каде што е загрозен животот. Самиот престој во ковид центарот каде што персоналот го препознаваш по гласот или очите е своевиден стрес. Во тие тешки денови дополнителен удар за мене беше смртта на моите колеги Ице и Горан. Се борев да останам стабилен, во тоа многу ми помогна исклучувањето од социјалните мрежи. Враќањето дома кај семејството ми беше најголемата радост и олеснување. Сега се чувствувам одлично иако треба време и трпение за целосно враќање на имунитетот и силата во поранешната состојба.

Јас ја научив лекцијата за коронавирусот на потешкиот начин, веројатно зашто имав сосема погрешна претстава и покрај сите предупредувања. Порано се велеше не си играј со оган. Тоа денес важи за вирусот сарс ков-2 кој е сѐ уште мистерија за науката. Короната не познава стар или млад, здрав или болен. Удира непредвидливо кај што сака и медицината сѐ уште не може да го објасни тој феномен. Не треба паничен страв, туку рационален став. Секој треба да се заштити барем онаму каде што секојдневно комуницира со повеќе лица”, изјави пејачот кој на крајот во свој претпознатлив стил ги поздрави нашите читатели:

“Моја препорака е луѓето да се фокусираат на позитивни нешта, помалку ФБ повеќе музика и хумор. За крај еден виц: Се собрале неколку глувци и едниот прашува: дечки дали ќе се вакцинирате? А друг му вели: што ти е бе?! Па уште на луѓе не е испитана?!?”.

Текстот го подготви: Билјана Крнческа/Свет Аустралија

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com