Државна награда за пејачките Виолета Томовска и Весна Ѓиновска-Илкова

Примадоната на Македонската опера и балет (МОБ) Весна Ѓиновска-Илкова и доајенката на македонската народна песна Виолета Томовска заедно со писателот Димитар Башевски, се добитници на високата државна награда “Св. Климент Охридски” во областа на културата и уметноста. Освен во областа на културата и уметноста наградата се доделува и во областа на воспитанието и образованието.

За доделувањето на државната награда “Св.Климент Охридски” за 2019, како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија одлучил одборот на чело со академик Влада Урошевиќ.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 8-ми декември во 12 часот, во свечената сала на Собранието. Со добивањето на наградите пејачките се стекнуваат со право на национална пензија. Томовска според возраста ќе може веднаш да аплицира.

Повеќе на Музика24...