“Дупер” потпишаа двегодишен договор со најдобрата македонска продукција (Фото)

Тие се појавија одеднаш, од нигде никаде и со нивниот голем летен хит “Не сум твој тип” целата македонска јавност дозна за нив, дозна за најмладата, но најперспективна македонска поп-рок група “Дупер”. Сите тројца имаа 20 години, и се студенти. Илчо, вокалот на “Дупер” студира психологија, единствената девојка Мартина студира Музичка академија, додека пак највеселиот дечко во “Дупер”, Борис студира економија.

Одсекогаш сакале да свират пред многубројна публика, а веќе од денес тоа ќе стане и нивна реалност. Имено, во текот на денот најдобрата македонска продукција Авалон објави дека заедно со “Дупер” ќе се дружат следните две години, а истото го потврдија и тие на својата фан страна. Меѓудругото тие напишаа:

“Имавме неверојатна година. Животот ни се сврте за 180 степени, растевме со секоја секунда, плачевме и се смеевме. Фала ви на сите што бевте и сте заедно со нас низ цело ова патешествие. Фала за искрената љубов и поддршка. Од денес, официјално сме дел од Авалон. Cheers to that! Следат нови 365 дена, полни со многу среќа и многу музика. Со љубов, Дупер”.

Тоа значи дека скопскиот бенд “Дупер” и Авалон продукција потпишаа двегодишен договор за соработка во кој временски период тие ќе бидат нивниот издавач, организатор на концертите, како и букинг агенција.

Со среќа дечки и ви посакуваме се најдобро!

Повеќе на Музика24...