Елена Андоновска со видео запис за песната “Мори деј Невенo“ (Фото)

Eлена Андоновска во 2020 година го реализираше својот втор албум со наслов “Запеало славеј пиле“. Албумот содржи десет македонски народни песни облагородени со нов музички аранжман. На почетокот на оваа година Елена ја промовираше песната според која го наслови самиот албум и која е авторско дело на Васка Илиева.

Елена смета дека пролетниот период е совршен за промовирање на ведри мелодии кои недостигаат во етерот особено во овој период на пандемија која кај народот влеа страв, неизвесност но и потреба за повеќе музика. Периодов таа го посвети на промоција на видео записот за една од песните кои се најдоа на новиот албум. Станува збор за малку подзаборавена народна песна во препознатлива изведба на Вања Лазарова во чија чест Елена реши да ја обнови и повторно да ја зживее меѓу слушателите на македонската народна музика. За таа цел аранжманот го облагороди и разигра Дарко Илиевски, а звукот доби впечатлива нота од нејзиниот продукциски соработник Ангел Ќосев (Студио подрумот).

Во делот на оркестарот освен Дарко на хармоника учество земаа и Илија Филиповски (виолина), Марјан Андоновски (ударни инструменти), Филип Николовски (акустична гитара), Зоран Костадиновски (електрична гитара), Горан Гешовски (бас гитара) Фросина Мариноска и Мартина Костова (придружни вокали). Видео записот го реализираше „Арт студио“ – продукција во чии кадри се најдоа познатите предели на Кратово, Куклице, с. Страцин со родната куќа на Вања Лазарова.
За да се долови во целост амбиентот Елена одлучи да се појави во народна носија која е карактеристична за кумановско – кратовскиот регион од каде што потекнува Вања а за сето тоа да биде на високо професионално ниво уметничката соработка во делот на носијата ја направи со професорот Владимир Јаневски .Гости во овој видео запис се нејзините колешки Стефанија Маневска и Христина Ристеска.

Проектот е поддржан од министерството за култура како проект од национален интерес на државата за 2021 година.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com