Музика на кирилица

Елена Миленковска откри што се случува во “Ѕвездите на Гранд”

Елена Миленковска, македонската кандидатка во “Ѕвездите на Гранд” се претстави во петтиот круг, но не помина директно туку мораше да го повтори својот настап во бараж. Таму беше избрана меѓу подобрите, па успеа да се извлече од излегување.

Таа се претстави со песните „Гинем“ од групата Магазин и „Тај живот мој“ од Ана Бекута, по што доби 4 гласа. Во коментарите имаше доста критикики на нејзина сметка, но и за нејзиниот ментор Александар Милиќ – Мили. По емитувањето на шоуто, Миленковска се огласи на својот Инстаграм и напиша дека имало и многу убави коментари, но тоа било исечено во монтажа, за што и е криво.

“Ви благодариме на сите за искрената поддршка. Јас сум задоволна и среќна. Криво ми е што сите многу убави коментари од жирито се исечени, но се е во ред. Благодарам на мојот ментор и семејството за најголемата поддршка. Ве сакам. Одиме понатаму”, пишува Елена во објавата.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: