Елена Ристеска дел од настаните организирани по повод роденденот на Тоше Проески

Како што дознава музичкиот портал Музика24, нашата позната македонска поп пејачка Елена Ристеска ќе биде дел од низата манифестации кои што на 25-ти јануари ќе се оддржат во Крушево по повод одбележувањето на 38-от роденден на нашата за жал прерано почината поп ѕвезда Тоше Проески.

Елена која патем му беше една од најдобрите пријателки на Тоше, во Спомен куќата на Тоше Проески и во негова чест ќе отпее неколку негови песни. Оваа вест ја потврдија и од Општина Крушево велејќи дека Елена поканата ја прифатила без размислување.

И изминатите години со најразлични манифестации, промоции на необјавени песни, концерти, хуманитарни акции, уметнички изложби и слични настани, беше одбележуван роденденот на најголемата музичка ѕвезда во регионов, кој настрада во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, Хрватска во 2007-та година.

Повеќе на Музика24...