Емотивна печалбарска приказна на Влатко Миладиноски – “Се вратив сине” (Видео)

Нашиот популарен пејач на народна музика Влатко Миладиноски, новата година ја започнува со промоција на нов спот, овој пат за темата “Се вратив сине”. Спотот е снимен во Швајцарија, поточно во Лозана и Морж, и на Козјак. Музиката и аранжанот за оваа песна ги направи неговиот брат Златко Миладиноски, а текстот е на Драган Матески.

Промоцијата на најновиот спот доаѓа во време кога Влатко успешно ја заврши телевизиската и концертната промоција на својот нов албум “Велат не нема”, а се започна точно пред една година со спектакуларниот и емотивен настап во близина на Солун, за кој зборуваа и информираа сите, каде Влатко и 2.000 македонски грла заедно ја пееја “Велат не нема”, песна која ќе ја одбележи неговата кариера.

Повеќе на Музика24...