Есма Реџепова и 30-тина други значајни личности ќе добијат улици во Скопје

Комисијата за именување улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти при Град Скопје, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, ја составила листата на личности според кои ќе бидат именувани улици во Скопје.

На листата се писателите Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Владо Малески и Даница Ручигај, пејачката и поранешен советник во Советот на Град Скопје Есма Раџепова-Теодосиевска, актерите Мери Бошкова, Неда Гешоска, Ѓорѓи Колозов, Тодорка Кондова, Димитар Ќостаров, Илија Милчин, Илија Џувалекоски, Џемаил Максут, Салаетин Билал итн. Покрај уметници улици ќе бидат именувани и по архитекти, почесни граѓани на Скопје, спортисти, народни херои итн.

Процесот ќе започне по завршување на изборите и се очекува до крајот на годинава да биде завршен. Промената на имиња на улици, булевари, плоштади и мостови ја најави градоначалникот Петре Шилегов минатата година на одбележувањето на годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.