Фолк пејачката Стојне Николова се омажи (Видео)

Како што пишува музичката телевизија “Балкан Мјузик” на својот сајт, нашата позната и преубава фолк пејачка Стоне Николова се омажи. Да, но засега само на видео спотот за новата песна “Спремај мајко дарови”. Како што дознаваме видео спотот кој изгледа одлично и професионално, го реализираше Арт студио, со кои Стоје години наназад има одлична соработка, а што се однесува до нејзината најнова песна, истата е дело на Огнен Неделковски кој го напиша текстот и Филип Нуне кој се погрижи за музиката, аранжманот и комплетно за целата композиција. Песната е снимена во “XL Studio Momirovski”.

Во спотот гостуваат ансамблот “Студио Фолклор”, “Веселата дружина”, музичарите Јане Рафаиловски и Нуне брадерс, а да не биде овој видео спот како и сите веќе видени досега се погрижија актерите Гордана Ендровска и Нино Леви. Видео спотот а и самата песна се промовирани токму во вистинско време кога сите знаеме дека токму ова е периодот кога речиси сите млади решаваат да ја направат својата семејна прослава, свадба или друга слична веселба.

Инаку, Стојне заедно со нејзиниот продуцент и менаџер настапија на овогодинешниот “Фолк Фест Валандово”, од каде и нашиот медиум известуваше за сите случувања, каде со песната “Едно засекогаш” ја освои наградата за најдобар дебитант на овогодинешното фестивалско издание.

Во продолжение, погледнете го новиот видео спот на Стојне Николова. Уживајте!

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.