Фолк пејачот Миле Кузмановски наскоро со нов албум (Видео)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, македонскиот фолк пејач Миле Кузмановски го привршува својот најнов студиски албум. На социјалните мрежи тој веќе ја промовираше неговата најнова песна “Чадор стар”, заедно со видео спот за истата. Најновата песна е дело на Александар Петковски, аранжманот е на Рубин Димковски, додека пак текстот е на познатиот Огнен Неделковски.

Што се однесува до видео спотот, истиот го реализираше Дарио Јанковиќ и неговата видео продукција Генерал продукција. Во продолжение, погледнете го најновиот видео спот за песната “Чадор стар”.

Уживајте!

Повеќе на Музика24...