Фолк пејачот Наум Петрески одмара во Струга (Фото)

Познатиот македонски фолк пејач Наум Петрески деновиве со семејството одмора во Струга. По годишниот одмор, тој секогаш се опушта во Струга, во Радожда и во Охрид, открива пејачот за порталот “7 дена”. “Ова е одмор за мојата душа. Да се видам со пријатели, роднини. Да ловам риба на Дрим. Струга е мој прв дом и најубаво ми е кога сум тука. Тука ќе бидам додека децата не тргнат на училиште”, изјавил фолк пејаот. Тој во Струга е заедно со ќерката Македонка и синот Стефан, кои ги има од бракот со пејачката Зуица Лазова. Од првиот брак, Наум ја има ќерката Анастасија која е исто така пејачка. Неодамна Наум се врати од Австралија, каде што заедно со Зуица беше на турнеја во неколку градови низ земјата. Пред еден од настапите заедно со пријатели тргнал по риба, па откако ги зафатило невреме близу Сиднеј медиумите пишуваа дека пејачот е загубен и дека по него трага австралиската крајбрежна стража. Тој се огласи во јавноста неколку часа подоцна велејќи дека е добар, ама дека жали што заради невремето немале добар улов. Подготви: Влад Петров
Повеќе на Музика24...