Фолкерот кој повикуваше да се оди на Задушница сега е позитивен на Ковид-19

Фолк пејачот Спасен Силјаноски кој неодамна застана во поддршка на митрополитот Агатангел во неговиот повик да се оди на Задушница и покрај забраните на социјалните мрежи попладнево соопшти дека е позитивен на Ковид-19.

“Не е грев да се добие Ковид-19, бидејќи не знаеме кој го носи, но грев е да се прикрие доколку се има и да се заразат твоите блиски роднини и пријатели. Затоа, поради моја морална и етичка одговорност ви го соопштувам ова”, објави пејачот.

Познато е дека Спасен се сретнал со неколку свои колеги неодамна. Но како што велат извори блиски до него, тој се заразил ден после средбата со колегите од здравствен работник.

Спасен нема потешки симптоми и моментално е во изолација.

Фотографија објавена од Спасен Силјаноски во подршка на владиката Агатангел

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.