Франц стана татко (Фото)

Музичарот Владимир Крстевски-Франц, некогашен член на “Нокаут”, стана татко. Тој се пофали и на својот Фејсбук профил дека кон почетокот на јуни неговата сопруга Ема се породила и дека ја имаат ќерката Мелоди.

“На први јуни се роди мојата ќерка Мелоди Франц Крстевски. И посакувам добредојде на овој свет. Нашите срца се преполни со љубов и благодарам бескрајно на убавите честитки”, напиша Франц.

Тој веќе пет години живее во Лос Анџелес каде се пресели откако си замина од групата “Нокаут”. Предходно во Скопје се ожени со Ема, ќерката на бизнисменот Иван Џо Петрески. Двојката сега веќе пет години живее во близина на “Долби театарот” во Холивуд, местото каде што се одржуваат Оскарите.

Повеќе на Музика24...