Горан Милошески со лајф музички концерт и исполнување на вашите омилени музички песни (Видео)

Додека се е откажано и речиси и ништо да не функционира поради коронавирусот кој за жал не нападна, познатиот македонски продуцент, композитор, музичар и пејач Горан Милошески вечерва го стартува своето прво лајф вклучување на интернет, односно, на Фејсбук од каде и лично ќе ви се обрати но и ќе пее свои песни, песни од други познати македонски и балкански автори, како и кавери од разни изведувачи.

Доколку незнаете што и како да правите, ви недостасува забава и малку повеќе релаксација и одмор од сето она што ни се случува, со задоволство ви предлагаме за 10-на минути да се вклучите на неговата фан страница и некаде до полноќ да уживате во музиката која што само тој ќе ја исполнува за вас.

Gepostet von Goran Miloshevski am Sonntag, 22. März 2020

Ова нема да биде негово последно лајф вклучување, како што Милошески кратко изјави за Музика24, допрва следуваат Корона лајф музички концерти и вклучувања. Следете го и посакајте си ја вашата омилена песна.

Вклучувањето стартува во 21 часот.

Повеќе на Музика24...