“Гранд продукција” го покани Стефан Величковски во “Ѕвездите на Гранд” (Фото)

Првиот човек на најголемата српска продукција “Гранд”, Саша Поповиќ телефонски го побарал македонскиот пејач Стефан Величковски и го поканил повторно да се појави на големата сцена на “Ѕвездите на Гранд” во Белград. Стефан информацијата ја сподели на своите профили на социјалните мрежи, а на своите обожаватели им откри дека веќе напорно се подготвува за новата сезона во која ќе се обиде да стигне до финалето. Како потсетување, Величковски на македонската музичка сцена после цели осум години пауза се врати со кавер-верзија на големиот хит “Нисам те због лепоте волео” на Жељко Јоксимовиќ. Тој е дел од музичкиот состав “Дипломатик Бенд”, активно вежба во фитнес центар и работи на нови студиски песни. Подготви: Редакција Музика24
Повеќе на Музика24...