Happy End го промовираа видео спотот за најновата песна “Лажев” (Видео)

“Знам дека лажев што и да кажев, не можам да заборавам се мислам на тебе”, вака звучи рефренот на најновата песна на бендот Happy End која што тие денес ја промовираа на својот YouTube канал. На прво слушање песната е певлива, интересна, љубовна и секако има нешто што вели дека оваа песна ќе биде голем хит.

Песната е комплетно дело на браќата Јованови, Иван Јованов кој заедно со Јован се погрижија и за музиката за аранжманот и мастерингот, да звучи онака убаво, балкански, светски. Текстот за оваа втора песна на Happy End го напишаа Марко Маринковиќ-Слаткаристика и Томислав С.Т. Како што дознава Музика24, видео спотот за оваа песна е снимен на повеќе локации и тоа: Зур Маркет, Даим БМВ Сервис, Центар Бар и соодветно место-претходно подготвен хангар за потребите на снимањето во близина на населбата Маџари.

“Презадоволни сме од екипата со која што работевме на овој проект. Музиката како што веќе знаете е на Јова и Иван Јованови, текстот е на Марко Маринковиќ – Слаткаристика и Томислав Стаменковски Тофилоски и аранжамнот е на Иван Јованов. Видеото е работено со Гордан Божиновски од God Eye Production. Интересно беше да се работи со млади луѓе кои имаат идеи да се вметне нешто ново и модерно како во аудио делот, така и во видео спотот. Со “Лажев” сакавме да експериментираме со звукот и да вметнеме некои модерни елементи. Додека пак следната песна на која работиме подолго време, ќе биде комплетно наше дело и планираме да има класичен бендовски звук”, велат од бендот Happy End.

На прашањето од Музика24 што планираат во идниот период и кај се можат фановите да ги видат и да уживаат во нивната музика, тие со задоволство ни го кажаа следното:

“Во идниот период од нас може да очекувате нова песна и настап на овогодинешниот фестивал во Штип “Макфест”. Инаку за скоро очекувајте и нов кавер на светски познат хит. За време на велигденските празници нашите фанови можат да се дружат со нас и да се забавуваат Во Берово и Кавадарци каде веќе имаме договорено настапи, а веднаш по празниците ќе бидете известени каде и кога повторно ќе имаме настапи и дружба со нашата публика. Како за крај, сакаме да упатиме благодарност на музичкиот портал Музика24 кој не себично не поддржува нас и сите македонски артисти со цел создавање на македонска музика”, додаваат од Happy End.

Во продолжение, она за што и веќе пишувавме, видео спотот за најновата песна “Лажев”. Уживајте!

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.