Музика на кирилица

Игор Атанасовски-Харе го најави најновиот сингл “Реприза”

Пред неколку дена еден од најпознатите македонски гитаристи, текстописци и композитори, Игор Атанасовски-Харе го најави својот најнов сингл насловен “Реприза”. Како што самиот тој вели за музичкиот портал Музика24, песната е комплетно негово авторско дело, музиката, аранжманот и текстот се на Харе, додека пак секој од неговите соработници си има свој удел во песната. Клавијатурите ги свири Дамир Имери, бас Трајко Симоновски-Таци, додека како придружен вокал се појавува Сара Николовска. Неговата најнова песна е снимена во студиото на Мите Димовски “Тралала”.

“Ова е последна, 8-ма песна од албумот кој го направив со различни пејачи, и која одлучив да ја испеам сам. Станува збор за навистина интимна песна, која се надевам дека ќе им се допадне на слушателите. Подготвувам и видеоспот кое ќе го објавам наскоро”, изјави Атанасоски.

На македонската популарна музичка сцена Гуру Харе е присутен повеќе од триесетина години. Беше дел од “Банкрот блуз бенд”, а по распаѓањето на групата, нема има соработувано со најпознатите имиња на македонската естрада.

Можеби ќе ве интересира: