Иницијатива за отворање средно музичко училиште во Кавадарци

Советот на Општина Кавадарци на денешната седница едногласно донесе одлука за поддршка на елаборатот за основање државно средно музичко училиште. На седницата, меѓу другото, беше кажано дека е ова историски настан за Општината и пошироко.

Основното музичко училиште “Лазо Мицев-Рале” е формирано во ноември 1969 година и одбележува пет децении постоење. Досега, од него произлегле бројни стручни кадри. Министерството за образование и наука треба да ја поддржи иницијативата за формирање средно музичко училиште.

Повеќе на Музика24...