Интересно, емотивно, возвишено… Биба Додева го промовираше албумот “Незаборавни” (Видео)

После пауза од речиси шест месеци кога реално поради коронавирусот никој и ништо не функционираше, конечно се случи и првата официјална промоција на музички проект. А ледот овој пак го скрши, кој не – ако не таа, една од најдобрите вокални интерпретаторки, пејачка во буквална и вистинска смисла на зборот, жена борец, хуманстка, мајка, баба… и пред се човек.

После неколку години повлекување од македонската музичка сцена, Биба Додева со големиот музички проект “Незаборавни” се враќа и продолжува онаму каде што застана, онаму каде што се беше некако поинаку и многу поразлично… за разлика од денес.

Музичкиот новинар Иван Бечковиќ ја отвори и започна промоцијата со претставувањето на албумот. Албумот “Незаборавни”, на кој што е работено речиси една година, содржи 11 преработени композиции од познати македонски автори и исполнители и две композиции кои се бонус, една која е од минатогодишното издание на “Охрид фест” со која Биба и ја понесе првата награда, и втората од овогодинешното издание на “Макфест”. Благодарение на авторите, и целата екипа која што има работено на ова ново музичко издание, хитовите: “Анушка”, “Виолина и гитара”, “Едно срце имам душо”, “Во бестрага”, “Скопје”… добиваат еден сосема друг аранжман, призвук и… во продолжение со задоволство ви препорачуваме да го погледнете видеото и ќе слушнете на што поточно станува збор.

„Мојот внук е мојата најголема поддршка. Долго време ме немаше со албум, и среќна сум што ова е првиот поп албум во оваа 2020 година. Подолго време немав желба и сила да запеам, но се сетив на мојата мајка која секогаш ми велеше дека треба да продолжам да пеам. Татко ми е тука, а мајка ми сигурно сега ме гледа од горе и се гордее што ја послушав. Продолжив да пеам поради неа, поради ќерка ми, татко ми, мојот внук, а заслужен за сево ова е мојот Баце Дојчин“, рече Биба пред пријателите.

Многу музичари од македонската музичка сцена дојдоа да ја поддржат Биба на овој нејзин специјален ден, меѓу кои ќе ги споменеме: Дарио, Александар Масевски, Џина Папас-Џокси, Григор Копров, Пере од Нокаут, текстописецот Огнен Неделковски кој дојде заедно со неговиот син композиторот Филип Неделковски, колумнистка и поетеса Ана Бунтеска, која е автор на текстот на песната „Како некогаш“, со која Биба лани победи на фестивалот „Охрид фест“.

Албумот е снимен во студиото „Блу“, а на него работеше Владимир Дојчиновски-Дојчин, Ташко Грујовски и Иле Спасев. Придружните вокали ги испеа Сара Пројковска.

Подготви: Иван Јосимовски

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com