“Искапени со топла вода, во Расчекор облечени по роба” – македонска пародија на “New Rules” (Видео)

Верувале или не, македонската музичка сцена се повеќе и повеќе на овој или оној начин се активира и се создаваат нови песни, нови хитови, но и преработки и пародии на веќе познатите македонски, но и светски познати песни. Претпоставуваме дека досега имате слушнато за “Солза и смеа” од Битола, како и музичкото студио “Гимел” од каде досега има промовирано и излезено голем број на македонски познати хитови. Токму тие, без некој посебен повод, причина се собраа и го направија она што денес, а веруваме и следните денови и период ќе биде актуелно на социјалните мрежи, ќе се споделува на Фејсбук, Твитер… Станува збор за одличната пародија која што тие заедно ја снимија за познатата песна “New Rules” од светски популарната Dua Lipa. Овој пат, тие снимија песна која што е монтирана на оргиналниот видео спот, но сето тоа е толку интересно, впечатливо, комично… што едноставно никој од вас не би останал рамнодушен. Екипата на Специјализираниот македонски музички портал Музика24 веднаш по излегувањето на македонската верзија од оваа песна, ги контактираше токму “виновниците” за создавањето и реализацијата на оваа песна која експресно за неколку часа стана вистински “бум”. Разговаравме во продуцентот и сопственик на “Гимел” студио од Битола Мими Марковски, што тој откри за Музика24, како се случило да се сними токму оваа песна и сите детали, прочитајте ги во продолжение. Музика24: Чија беше идејата за создавање и реализација на оваа комична и интересна македонска пародија на познатиот светски хит “New Rules” од Dua Lipa? Мими Марковски – “Гимел” студио: Првичната идеја за цело ова беше моја, пред се не добив некоја голема поддршка од никој, ама некако ги убедив 🙂 потоа се одлучивме тоа да биде поклон за роденденот на наш пријател и тоа беше целта за да ја снимиме и обработиме, па испадна дека и се допадна на цела Македонија. Музика24: А зошто токму ја одбравте оваа песна и баш оваа позната пејачка? Мими Марковски – “Гимел” студио: Рандом беше пуштена песната во позадина додека пиевме кафе во студиото и случајно го стиснав mute и гледајќи го спотот ми текна стих и така натаму се разложи текстот. Музика24: Тоа значи дека текстот беше ваша заедничка идеја? Мими Марковски – “Гимел” студио: Секако. Сите дофрлувавме по некој стих гледајќи го спотот и така го составивме текстот. Мора да признаеме многу текст има песната. Музика24: Кој се учестуваше во снимањето на песната и за колку време истата ја снимивте и реализиравте? Мими Марковски – “Гимел” студио: Учествуваа: Андијана Думевска, Марија Станковска и двете познати музичарки и пејачки, како и Кумбата од “Солза и смеа” и јас како продукција и снимање на целиот звук, а и Кумбата помогна во монтажата на видеото. Сето тоа го работевме за околу пет дена. Музика24: После целиот “бум”, илјадници шерувања на социјалните мрежи и целата фама околу оваа песна, сигурно сте свесни дека направивте нешто големо што очигледно недостасува на македонската музичка сцена и воопшто кај нас на медиумите и интернетот. Дали планирате да продложите со снимањето на ваквите пародии и доколку не ви претставува проблем за читателите на музичкиот портал Музика24 откријте накратко која би била следната песна која би имала исто ваква комична пародија од ваша страна? Мими Марковски – “Гимел” студио: Ние снимаме долги години и долги години се занимаваме со музика секогаш сме се труделе да направиме нешто ново, но тоа да е музички коректно. Овој пат ги прекршивме правилата на музиката и очигледно тоа треба да се случи за да направиш “бум” на некој начин, искрено јас бев свесен дека ќе се случи нешто со оваа пародија, но очекував да остане локално само во Битола и на крај испадна дека грешам, допре до цела Македонија 🙂 Инаку, следно имаме идеја и план што би работеле, ќе биде пародија на песна која исто така е доста слушана, но во секој случај не би сакал да откриеме оти и како луѓе сме такви можно е да промениме во 5 до 12 па да не ветувам конкретно за која песна станува збор. Очигледно дека вакви комични и интересни видеа недостасуваат за младите и македонската публика да се забавува, а не да се размислува и опседнува со депримирачки теми, политика, поделби и сите оние клишеа кои што моментално ја демнеат нашата држава. Погледнете го видео спотот за македонската пародија на Dua Lipa и едноставно уживајте.
Dua Lipa – New Rules (Macedonian Parody Video)

Gepostet von Gimel Studio am Freitag, 2. Februar 2018
Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски, Јасмина Димитровска
Повеќе на Музика24...