ИВАП реагира: 30% од капациетот е понижувачки за уметниците и за организаторите

Асоцијација на ивент индустријата – ИВАП испрати своја реакција до јавноста и медиумите на протоколот за јавни настани, усвоен вчера од Владата.

„Во однос на вчера усвоените протоколи за одржување на јавни настани во затворени простори, сметаме дека требаше да бидеме консултирани како независни прифесионалци, а не само културните инситуции. 30% од капациетотна салата е понижувачки за уметниците и за организаторите. Исто така, не ја гледаме логиката во отворени простори да може да се одржуваат само седечки концерти. Сепак доаѓа ладно време и седењето на публиката нема да биде пријатно за следење на било кој настан. Но се надеваме дека протоколите дозволуваат промени и дека наскоро ќе имаме можност да ги изнесеме нашите ставови“, потенцираат од Асоцијацијата.

Инаку, ИВАП вчера организираше дебата на тема: Настаните во ковид периодот што следува, на која присуствуваа компании и професионалци од индустријата. Свое мислење изнесоа гитаристот Влатко Стефановски, директорот на Македонската филхармонија Виктор Илиески, Коста Петров од „P World“, Теодора Васиљевиќ од Пасворд Продукција, Никола Наумоски од Град Скопје. Општиот став на сите присутни е дека настаните мора да продолжат, дека периодот што доаѓа е незивесен и со многу непознати.

Останува ставот на членовите на ИВАП дека поддршката од Владата е неопходна, но и димензионирана и таргетирана по сектори, бидејќи секоја индустрија си носи свои специфики и потреби.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com