Музика на кирилица

Јован Јованов продолжува со интернационална кариера (Видео)

Јован Јованов доби сертификат и награда Honourable mention awards на “USA Songwriting Competition” за песната “Say you love me” која ќе биде изведена од страна на популарната канадска пејачка Лирон. Јованов досега има повеќе од 500 музички дела. На YouTube неговите дела имаат повеќе од 130 милиони гледаност, што го прават и официјално најгледан автор од Македонија.

Музичките групи “Магија”, “Ин”, “Екстази”, “Браво Бенд”, “Некст Тајм”, “Куку Леле” и “Либеро Бенд”, македонските пејачи Тоше Проески, Ноне Неделковска, Адриан Гаџа, Маја Саздановска, Даскал, Рената Кралевска, Тони Зел, Елвир Мекиќ, Слаткаристика, Ламбе Алабаковски, Гоце Арнаудов, Сања Лефкова, Ѓоко Танески, Елена Петреска, Александра Пилева, Влатко Илиевски, Денис Екс, Аце НЛ, Алексансандар Тарабунов, Орхидела Дукова, Христијан Тодоровски – Кико, Емил Арсов, Ивица Велоски, Ања Ветерова, Тајзи, Ферус Мустафов, Филип Јордановски, Симона Попоска и регионалните ѕвезди Бојан Маровиќ, Слаѓа Делибашиќ, Селма Бајрами, Флориани, Џус и Емина Јаховиќ се само дел од компилацијата: “100 најпопуларни песни на Јован Јованов” која е достапна на официјалниот YouTube канал на Global Music Records.

Како потсетување, Јован Јованов во 2014-та година замина во Холивуд за да се усоврши во областа на музичкиот инженеринг, а денеска живее и работи во Торонто, каде што го гради своето ново студио. Студиото “Јованови” во Скопје каде се отпеани најголемите македонски хитови сега го води неговиот брат, Иван Јованов.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: