Погледнете: Како македонските јавни фаци се штитат од корона вирусот (Фото)

Како што сите знаеме во светот владее пандемија предизвикана од корона вирусот. Од неодамна, сакале ние или не, короната е дел и од нашето секојдневие. Претпоставуваме досега на многу наврати сте ги виделе и прочитале препораките за тоа што и како треба да се прави во ваков случај, но, тоа не е дел од овој наш текст… Дали знаете како и на кој начин македонските јавни фаци се штитат од корона вирусот?

И покрај тоа што препораките од Комисијата за заразни болести се јасни: “Седи дома ако не мораш никаде да одиш”, очигледно на Мартин Филиповски од братското дуо “Next Time” му станало досадно па тој решил своето кафе да го пие на свеж воздух и да погледне што се случува низ соседството. Додека тој пополека си ужива во кафенцето, за момент не потсети дека не е сам и дека не му е страв од короната, бидејќи со него е средството за дезинфекција како прва заштитна опција.

Познатите сестри пак, Тијана и Тамара, од се срце ви ја препорачуваат препораката од нашето соседство, што би рекле србите: “Нејзиното величество – Кајсијевача”. Освен што оваа ракија е добредојдена кај секој мераклија на добрата капка, на многу пати низ социјалните мрежи сигурно сте ја забележале онаа шега дека добрата и квалитетна ракија го убива корона вирусот. Кој пробал знае, ние останатите можеме само да претпоставуваме дали тоа е точно или не.

Пејачката и харфистка Сара Мејс, не користи течности како што е ракија за да се превенира. Очигледно таа нема страв од короната, па маска не носи како би се заштитила од туѓото влијание на просторот и воздухот. Сеуште верува во здрав живот, но овој пат со едно многу поинакво мото: “Во здраво тело не иде Корона”, горделиво вели таа.

Ниту познатата уредничка и естрадна новинарка Билјана Крнческа не ја одмина креативноста кога станува збор за тоа како е најдобро човек да се заштити од корона вирусот. Таа сакајќи да се пошегува, а воедно и да ни посочи на сите нас како би требало да се движиме низ улиците, макар и за најосновните потреби, објави слика (секако со посебни филтери) каде таа е маскирана и одлично заштитена каде користи дел на едно од хит песните на одличниот Чолиќ: “Изгледаш ми као луткица из Трста”.

Девојката која што е препознатлива како “добрата зоо вила”, во вистинска смисла на зборот, или Тина Мицковска која е дел од нашата најголема, единствена и најубава зоолошка градина во Скопје, дел од препораките кои се дадени од страна на Владата на Р. Македонија и Министерството за здравство, таа на еден коминчен, интересен, но сепак и поучен начин укажува како и на кој начин треба сите ние да се однесуваме кога сме на работа, или пак во друштво, излезени на кафе (иако не мора) и сл.

Водителката на познатата и гледана забавна емисија “Живот со стил” на ТВ24, Елена Стефановска која неодамна се врати од Прага, Чешка на социјалните мрежи се пофали како таа се заштитува од корона вирусот. Посакувајќи добро утро на една од фотографиите напиша: “Кај мене секогаш свежо цвеќе, макаронс и кафе. За убав ден”. Па можеби и вреди да се послуша Елена, знаејќи дека сепак таа е девојка со стил.

Додека сите ние во Македонија на овој или оној начин сме засегнати од тоа што ни се случува, македонскиот фолк пејач Спасен Силјановски кој моментално е на турнеја во Австралија и покрај прогласената пандемија на глобално ниво, тој на сите нас ни покажа како и на кој начин се штити и справува со корона вирусот. И ние би Спасен така да се штитиме од короната.

И познатата тв водителка од ТВ Алфа, Ирена Спировска, се труди и прави се за да се заштити од корона вирусот. Таа сакајќи воедно да ги спои здравиот начин на исхрана, внесот на витамини и минерали, а воедно и превентивно да се заштити од корона вирусот, постираше фотографија на социјалните мрежи каде двоумејќи се што е најдобро да одбере или да направи микс од она што се нуди, напиша: “Во време на вирус и препорачана изолација, кога треба да внимаваме на нашето и здравјето на сите околу нас идеален начин за подигање имунитет е микс од вкусно шумско овошје доставено до вашиот дом. Ем здраво ем вкусно…”, сподели водителката Спировска.

Повеќе на Музика24...