Калиопи продолжува со концерти во Србија и Црна Гора

Македонската поп-дива Калиопи Букле после големиот солистички концерт во Сава центар во Белград ќе одржи концерти и во српските градови: Нови Сад и Нова Варош и црногорски Херцег Нови. На 16-ти февруари таа ќе настапи во Нова Варош во Домот на култура, а празникот на жените 8-ми март во “Дворана парк” во Херцег Нови, а на 24-ти март во “Српско народно позориште” во Нови Сад.

Калиопи останува лидер меѓу македонските поп изведувачи по настапи низ соседните земји. За потсетување таа во текот на 2017-та и 2018-та настапуваше во Белград, Сараево, Загреб, Ниш, Јагодина, Крагуеавац, Чачак, Никшиќ, Пирот и многу други градови низ регионот.

Ф.Е.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.