Калиопи со нови концерти низ регионот

Македонската поп-дива Калиопи која во периодов е на турнеја низ Србија, најавува својот концерт во црногорскиот град Плевља. Концертот ќе се одржи на 20-ти октомври со почеток во 20 часот во Домот на културата во Плевља.

Букле во текот на октомври беше на голема турнеја низ БиХ, а во текот на овој месец е на турнеја низ десетина градови низ Србија.

Следни на агендата на Калиопи се Краљево, Лазаревац, Панчево и Ниш. Нашиот голем музички бренд има веќе закажани настапи за следната година, од сопствени извори дознаваме дека Калиопи на 10-ти јули 2020 година ќе има концерт на плоштадот во Грделица, Србија.

Повеќе на Музика24...