Каролина ја доби наградата “Најдобра етно нумера“ на MAC Awards

Македонското девојче, Каролина Гочева вчера вечер ја доби наградата “Најдобра етно нумера” на MAC Awards. MAC Awards или Music Awards Ceremony се првите регионални музички награди. Церемонијата на доделување проследна со спектакуларни настапи на ѕвездите од регионот се одржа вчера во Комбанк арена во Белград.

38-годишната македонска ѕвезда ја доби наградата за Најдобра етно нумера за песната “Ти не дојде”, од нејзиниот најнов албум “Извор”. Каролина настапи на церемонијата заедно со Бајага, Јелена Карлеуша, Тони Цетински, Стјепан Хаусер и многу други музички ѕвезди.

Ф.Е.

Повеќе на Музика24...