Музика на кирилица

Кемп Од и Тонио Сан ги канат своите фанови на промоција на “Чаирски албум”

Како што пишуваат нашите соработници од интернет порталот  hiphop.mk, Кемп Од и Тонио Сан подготвуваат промоција на заедничкиот албум насловен “Чаирски албум”. Промоцијата ќе се случи на 29-ти мај во летниот клуб Хавана. Како гости на промоцијата кои ќе можете да ги видите и слушнете се најавуваат: ЛД Пистолеро, Блажеј, Страјк, Да Џака Накот, Один… и многу други.

Како што велат и самите рапери, ќе го претстават својот светоглед од гледна точка на нивното родно место, од нивното маало. Уште ве потсетуваме, летен клуб Хавана, 29-ти мај… Влезот е слободен, а доколку сакате да го имате и овој албум во вашата колекција ќе треба да одвоите само 300 денарии да го набавите.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: