Панчо ДНК: “Kој стигне не подј*бава па одозгора и уште некој “наш” притоа со наши пари треба да иде на тој натпревар”

По повод моменталната состојба со Изборот на песна за Евровизија, представникот Васил Гавранлиев на својот Фејсбук профил се огласи Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК, објавата ви ја пренесуваме во целост:

Деновиве се изначитав се и сешто за минатогодишниот, овогодинешниот и по се изгледа евровизискиот претставник за наредната година. Блиските го бранат што е нормално (да бил некој друг очите ќе му ги извадиле, ги знаеме кои се и како штракаат по ФБ за се и сешто), неутралните и објективните оправдано го искажуваат својот револт, бидејќи се осетија повредени на темата која и како е осетлива последниве неколку месеци. Кој стигне не подјебава па одозгора и уште некој “наш” притоа со наши пари треба да иде на тој натпреварот и со истите да се покријат сите теошоци, а и на оние кои ќе шетаат 14 дена со нив. Дали било намерно или ненамерно кажано од страна на Васил Гавранлиев никогаш нема да дознаеме, бидејќи штетата е веќе направена, непоправлива и сите се слагаме со тоа, а извинувањето верувам дека е непрофатливо за целата нација.

Исто така јас лично сакам да верувам дека не е тенденциозно, но како што кажав погоре за жал што и да каже, како и да се правда тоа нема да помине. Дека имал двојно државјанство и БГ пасош не е воопшто страшно, бидејќи имаат многу луѓе, а богами и политичари и знаеме зошто луѓето ги вадеа со една цел, а таа е да може да избегаат од оваа вукојебина каде владее се освен правда и каде освен детето и блискиот на некој функционер друг не може да просперира. Искрено највеќе од се ми е криво дека го навредуваат за неговата сексуална определба и тоа мислам дека тотално е непотребно и нечовечки, бидејќи и да е така тоа е негово лично право, избор и определба.
Уште еднаш ќе повторам и веќе не пишувам на оваа тема, најголемиот проблем и виновник е во МРТВ кој по не знам кој пат испраќа и избира наш претставник по нивна желба, а не по оној регуларен натпреварувачки стандарден пат преку јавен избор на песна каде учество ќе земат повеќе артисти. Васил за оваа укажана можност требал да е луд да не ја прифати (бидејќи нема МК кариера која може да ја изгуби и оцрни и реално до пред да биде пратечки вокал на Тамара никој не го ни познаваше), а верувам и секој друг артист доколку му се укаже можност би ја искористил. Оваа година МРТВ објавија конкурс за песна од само 7-14дена (поправете ме ако грешам) трање со што ги потценија нашите композитори, продуценти, аранжери, текстописци и од старт се виде дека работата смрдеше и тоа како. За песната и неговите вокални способности нема да коментирам бидејќи тоа е ствар на вкус, а за вкусови стварно никогаш не треба да се дискутира. Јас еднаш кажав дека песната не е по мој кејф, а момакот пее сосема солидно.
Жално е што МРТВ на чело со Мери Попова
која е долги години шеф на евровизиската делегацијата еднаш не излегоа јавно да кажат според кој критерум се бираат претставниците на евровизија, кои се условите и дали воопшто постојат или целата таа делегација потпаѓа под притисок на моменталната власт. Како и да е неколку години наназад се случуваат сериозни циркузи и еве еден јавен апел до МРТВ да објаснат на цела јавност и сите мои останати колеги КАКО СЕ СЛУЧУВА ИЗБОР НА ПРЕТСТАВНИК И КОИ СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ИСТИОТ КОИ ВИЕ ГО БИРАТЕ ПО ВАША ЖЕЛБА
Фала многу.
П
Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com