Концертна и LP промоција на заедничкиот проект на Горан Трајкоски и “Мугер фугер“ (Видео)

Фестивалот “Таксират” најавува уште еден настан за престојното фестивалско издание. На 5-ти декември во МКЦ Скопје ќе се одржи промоција на  заедничкото творештво на Горан Трајкоски (ГоТра) и “Мугер фугер” со наслов “Во ова време”, печатено на LP.

Горан Трајкоски е познат македонски музичар кој работел со музичките состави “Падот на Византија”, “Анастасија”, “Миза” итн.”Мугер фугер е бендот чија музика е звучен одблесок на човековиот примордијален крик. Трајкоски и “Мугер фугер“ овој пат на домашен терен ќе ја резимираат нивната десет годишна соработка.

Влезот е слободен. Истиот ден на 5-ти декември во продажба ќе бидат пуштени 300 примероци на споменатото LP издание.

Повеќе на Музика24...