Кристина Арнаудова подготвува македонска верзија на „Радна акција“ (Видео)

Пејачката и хуманитарен активист Кристина Арнаудова со својот хуманитарен проект „Среќа“ подготвува телевизиска емисија по примерот на познатата „Радна акција“ во Србија. Имено, од минатата година на иницијативата му се приклучи и акцијата „Топол дом за сите“, која прерасна во телевизиски хуманитарен проект „Куќа“.

Деновиве Кристина ја претстави т.н. пилот емисија на проектот „Куќа со Кристина“. Во оваа пилот емисијата е прикажана приказната на самохраниот татко од Скопје, Ајнур Симоновски. Симоновски со 5 малолетни деца сам живее во Скопје. Благодарение на овој проект тој за две недели, со ангажманот на голем број компании и хумани луѓе доби подобри услови за живот.

„Овој проект произлезе од проектот “Топол дом за сите“, кој моето здружение „Проект среќа“ го започна во декември минатата година. На почетокот немавме никаква идеја дека ќе го снимаме, но во текот на подготовките и барањето спонзори и донатори со големи срца, кои би се вклучиле и заеднички би изградиле среќа за многу деца, сфативме дека одѕивот на компаниите би бил многу поголем кога тие за возврат би добиле реклама за тоа. Си рековме, ако тоа значи дека на тој начин ќе изградиме многу поголем број домови, тогаш во ред, се согласуваме да снимаме емисија“, вели Кристина Арнаудова за Нова Македонија. Првата пилот-емисија е снимена со помош на пријатели, волонтери, добри луѓе, општествено одговорни компании од целата земја.

„Сметам дека како за прва епизода, извадивме максимум од она што го имавме на располагање. Јас не знам како се снајдов како водителка, никогаш во животот не сум помислувала дека еден ден ќе го правам ова, но навистина уживав. Сепак, за сите нас најважно е да создадеме среќа и да изградиме услови за нормален живот на што повеќе деца. Со снимање би продолжиле напролет, домовите се веќе одбрани и се низ целата земја, донатори имаме најмногу за внатрешно уредување, додека најтешко ни е да најдеме мајстори, компании за фасади и покривни конструкции. Очекувам дека и тоа ќе го најдеме и компаниите полека ќе се вклучуваат. Како телевизиски проект, нема медиум што не би посакал такво нешто да има на програмата, но е исклучително тежок и скап за работа. Не знам дали ќе успеам, дали ќе имаме доволно пари, буџет, спонзори, донатори, ама ветувам дека ќе дадам сѐ од себе“, вели Арнаудова.

Извор: Нова Македонија

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com