Музика на кирилица

Ленче и Горан Кукиќ одржаа голем солистички концерт во Струмица (Видео)

На 12-ти октомври во Струмица еден од најпознатите естрадни парови во Македонија, Горан и Ленче Кукиќ, одржаа голем солистички концерт кој веруваме уште долго време ќе се памети и ќе се прераскажува. На овој концерт на кој што имаше и емоции, и по некоја солза, радост и забава публиката два ипол часа уживаше во песните и одличниот репертоар.

Публиката освен со главните ѕвезди, уживаше и со многубројните музички гости, меѓукои ќе ги споменеме Иван Ѓаков од Бугарија кој што настапи со ќерката Ивана, Благица Калева, Снежана и Мирче од групата “Интервали”, како и одличниот маестро Горан Алачки. Освен овие гости, на сцената се појавија и дел од изведувачите и колеги на Ленче и Горан од музичкото тв шоу “Никогаш не е доцна”: Марко Зигмановиќ, Билјана Прокиќ и Мирзад Перваниќ-Мигос.

https://www.facebook.com/RadioStrumicaNet/videos/314986212651467/UzpfSTEwMDAwMTg5NDI3MDk3MzozMDYwNjExMjk0OTk0MTQ6NzU6MDoxNTQxMDU1NTk5OjU2MDMxNDk5OTY5NDQ3Nzk3NjY/

Се надеваме и веруваме дека освен овој концерт во Струмица, Ленче и Горан Кукиќ ќе одржат исто ваков, ако не и подобар солистички концерт во метрополата, Градот Скопје.

Подготви: Александра Блажевска

Видео: Радио СтрумицаНет

Можеби ќе ве интересира: