Музика на кирилица

Маја Оџаклиевска се збогува со публиката, оди во пензија

Македонската пејачка со српска адреса, Маја Оџаклиевска, во емисијата „Луда ноќ“ на Радио Телевизија Србија (РТС) најави дека заминува во естрадна пензија.

„Овој пат, ме потсетивте да Ве потсетам дека ова треба да биде навистина убаво збогување, затоа Ве молам да не настапувам повеќе, знам дека Ви се допаѓа, но малку сум уморна од сè“, рече Маја Оџаклиевска во споменатото шоу.

Инаку, Маја ретко се појавуваше во јавност во последните неколку години, таа се повлече од јавноста и се грижи за својот внук Лука кој има аутизам. Својот последен голем настап во земјава, Маја го имаше во 2018 година на „Златна бубамара на популарноста“.

Можеби ќе ве интересира: