Македонската народна песна “Бог да бие” препеана од бугарска пејачка (Видео)

Бугарската народна пејачка Радостина Панова ја препеа нашата позната македонска печалбарска песна од Александар Сариевски – “Бог да бие”. Видеото ја направи својата премиера во официјалниот YouTube канал на бугарската Фен Фолк ТВ, за која аранжаманот го изработи Сашко Мирковски, додека пак за видео реализацијата се погрижи режисерот Ненчо Касамов.

За снимање беше одбрано местото “Родопско катче” во Лештен, Бугарија, а за изгледот на пејачката се погрижија Момчил Спасов и Цецо Андреев.

Подготви: Наташа Секуловска/Естрада Ворлд

Повеќе на Музика24...