Македонскиот џез музичар Владимир Четкар на официјалната топ 40 листа во Јапонија

Неодамна македонскиот џез-музичар Владимир Четкар се најде на официјалната Топ 40 листа во Јапонија. Јапонската радио станица FM Kyoto од Кјото, ја стави песната на Четкар “Come with me” на својата листа на која се и најголемите музички ѕвезди од Америка и Англија. Неговата музика се повеќе се слуша во Јапонија.

Особено популарен во Јапонија е третиот студиски албум на Четкар, “Going Home” кој светската промоција ја имаше во Јапонија пред еден месец. Воедно, Четкар го најавува својот концерт веќе закажан за 18-ти мај во Скопје.

Повеќе на Музика24...