“Марадона” на Слаткар и Таско ги руши рекодите на YouTube (Видео)

Поминуваат речиси 10-на дена од пуштањето на видео спотот “Марадона” на Слаткар и Таско, а истиот веќе ги руши рекордите на светскиот интернет музички канал YouTube. До пишувањето на овој текст видео спот за песната “Марадона” го виделе 860,467 гледач/посетител. Интересно е што оваа бројка вртоглаво секојдневно расте, а овој пат очигледно е дека оваа урбана спојка ја освои македонската публика.

Моментално овој видео спот се наоѓа на број 2 на Trending на YouTube, но тоа незначи ништо бидејќи само место погоре, место број 1 се нивните колеги и веруваме многу добри пријатели 2 Бона кој што неодамна го промовираа нивниот најнов видео спот за песната “All eyes on us”.

Во продолжение погледнете го најновиот видео спот на Слаткар и Таско за песната “Марадона”.

Повеќе на Музика24...