Марио Арангеловски помина во вториот круг од “Ѕвездите на Гранд”

Македонскиот пејач Марио Арангеловски ќе пее во вториот круг на музичкото шоу “Ѕвездите на Гранд”. Тој на социјалните мрежи објави слика со Јелена Карлеуша и се пофали дека ја избрал за свој ментор. 23-годишниот пејач е еден од педесетмината Македонци што годинава ќе се натпреваруваат во популарното музичко шоу.

За потсетување, пејачот од Куманово, и стана познат на јавноста по учеството во неколку домашни и странски музички шоуа, меѓу кои и настапите во српскиот и бугарскиот “X Factor”. Марио е и познат јутјубер, кој има свој канал на кој постојано објавува интересни видеа.

Повеќе на Музика24...