Музика на кирилица

Мартин Мила го претстави новиот сингл “Без тебе” (Аудио)

Пред неколку дена одличниот македонски артист и поп изведувач Мартин Мила на македонската публика, преку својот YouTube канал, го претстави својот најнов сингл насловен едноставно “Без тебе”. Тој за оваа песна, испирацијата за нејзиното создавање и зошто токму сега, го изјави следното:

“Текстот и вокалната изведба на новата песна се мои, а музиката е на Carla’s Dreams од Молдавија, од песната “Imperfect”. Многумина не очекуваа да слушнат во првиот и вториот дел до рефренот дека ќе “рапувам”, но сепак јас тоа би го нарекол повеќе “рецитирање” на одредена тема која можеше единствено така да се опише приказната која сакав да ја искажам и споделам со вас, за која наскоро ќе има и видео запис”, вели Мартин.

Што тој вели во неговата најнова песна и кому му се обраќа, слушнете во продолжение:

https://www.youtube.com/watch?v=YAXTM2N1soM&feature=emb_logo

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: