Миле Кузамновски го подготвува својот десетти студиски албум

Македонската фолк ѕвезда Миле Кузмановски на големо го подготвува својот десетти студиски албум. Тој за “Фокус” вели дека со нескриен жар работи на новите материјали, а повеќето од песните кои ќе се најдат на новиот албум се веќе снимени.

“Последниот албум “Крал без круна” го снимив пред пред околу четири, пет години и задоволен сум од реакциите, од тоа што песните останаа да живеат. Обично, не сакам да коментирам во јавност пред некоја работа целосно да се заврши, но да, снимам нов албум”, изјавил Миле Кузмановски за “Фокус”.

“Сега, на новите материјали исто така работам со одлична екипа, голем дел од авторите на песните се млади и надежни луѓе, значи со млади сили одам напред. Ќе има неколку балади, кои се неизоставен дел од мојот репертоар, но и побрзи, весели песни. Најверојатно, десет, можеби и повеќе ќе се најдат на албумот. Едвај чекам да влезам во студио, ќе започнеме со снимање на спот за една од новите песни, а во план ми е снимање и на повеќе спотови во иднина“, додава Кузмановски.

Инаку пејачот неодамна со сопругата Јасмина ја доби својата трета ќерка, тој од првиот брак со сопругата Верче, која за жал почина во 2012та по тешко боледување, ги има ќерките Ана и Јана, близначки.

“Најмалата ќерка ја крстивме Ева. Името ни беше убаво и мене и на сопругата, нема некоја симболика. Таа има година и три месеци, а Ана и Јана се средношколки, учат медицина. Тие имаат по 15 години, и сите три ќерки се прекрасни деца на кои сум многу горд. Среќен сум
со семејството, имаме мирен живот и слога. Убаво е кога човек и професионално и приватно е исполнет”, вели познатиот фолк пејач.

Повеќе на Музика24...