Милица Кузмановска ќе снима ЦД со македонска антологиска музика

Во емисијата “Фолк Џубокс” која што се емитува на првиот канал на Македонската телевизија, гостинка во студиото беше познатата македонска фолк пејачка Милица Кузмановска, која што своето гостување го започна со изведба на македонската народна песна “Ах, каде е мојто либе”. Таа во своето гостување го најави сето она што заедно со своите соработници веќе подолг временски период го подготвуваат, проекти кои заслужуваат внимание.

“Се работи за три музички проекти. Првичен проект кој најпрво ќе биде презентиран и промовиран на македонската публика е заедничкото авторско ЦД со Маестро Гоце Џуклевски, мој долгогодишен пријател, соработник, композитор навистина имам прекрасни песни негови отпеано, со тоа што останува уште една песна да се доработи, тука би споменала бидејќи ЦД-то е авторско ние двајца сме инволвирани во целиот проект, со тоа што повеќето текстови се мои, еве јас да се промовирам на еден начин во едно поинакво светло. Добив инспирација имав повеќе време и од секогаш сум имала желба и како дете сум пишувала песни, но нели водена од некој други правци во животот можеби не сум се посветила доволно а сум сакала, а еве сега имам време. Обично сакам да пишувам за љубовта, и обично сите текстови што досега сум ги напишала се за мои песни но морам да се пофалам дека веќе имам изработено текст за мој колега, но нема да споменувам за кој станува збор”, изјави Кузмановска.

Накратко кажа дека многу не сака да открива, но дека има одлична соработка со колегата Ристо Тасев со кој што го подготвува нејзиниот трет музички проект кој што ќе биде многу поразличен од сето она што таа досега го работела. Дури како за најава на сето ова тие промовирале и пуштиле во етер една од многуте песни кои се подготвуваат. Таа во најскоро време најави уште една прекрасна македонска песна со еден малку поинаков призвук каде до израз ќе дојдат нејзините вокални способности, песна подготвена од тимот со кој што работи на овој проект. А што всушност претставува нејзиниот трет проект пејачката Милица Кузмановска објаснува во продолжение:

“Станува збор за проект кој што секој музичар, пејач сака да го реализира во својата музичка кариера. Проект со прекрасни македонски народни песни. Многу пати сум го најавувала овој проект, но никако досега не се поклопиле сите елементи што велат, не се поклопија коцките да се случи сето тоа. Но знаете како велат, од нигде никаде некогаш едноставно од небо ви доаѓаат нештата, како прекрасен подарок, а ние треба едноставно да бидеме отворени да го прифатиме тоа а јас сум таква, поготово во последно време кога поинаку го гледам животот. Тоа е исто така покана на “Мистер Компани” – Зоки, долгогодишен мој соработник. И претходното и ова новото ЦД се во негова продукција. Зоки ми се јави и ми вели дека сака заедно да работиме на проект за македонска антологиска музика, на што јас бев воодушевена нешто што го чекам цел живот, а јас само го замолив да провери за песни кои многу не се пеени, секако ќе има и некои познати веќе слушнати”.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com