„Мизар“ имаат нова песна и најавуваат концерт во Охрид (Видео)

Рок бендот „Мизар“ ја промовираше новата песна „Униније“, под етикетата на хрватски Dallas Records. Оргиналната верзија на „Униније“ е од нивниот прв истоимен албум од 1988 година. Бендот сега ја обнови и сними нова верзија. Тоа е еден вид потсетување за овој одличен албум, кој воедно беше и првиот популарен албум на македонски јазик широко прифатен во регионот. Албумот имаше голем успех и според многумина е меѓу десетте најдобри албуми во поранешна Југославија.

Култниот македонски рок бенд „Мизар“, формиран е во 1981 година во Скопје. Важи за еден од пионерите на темниот звук на овие простори. Групата го носи името на ѕвездата „Мизар“ од соѕвездието Голема Мечка, водечка ѕвезда за многу патници. Иако „Мизар“ е првенствено рок бенд, понекогаш посилен, некогаш послаб призвук на македонските етно и византиски традиции тече низ нивниот звук во прилично мрачна атмосфера, за што особено придонесуваат длабоките вокали засновани на црковнословенското пеење. Во својата долга историја, „Мизар“ имал пет откровенија и сите со различни пејачи. Од своето основање до денес, Горазд Чаповски (гитарист и автор) е единствениот постојан член на „Мизар“. Покрај него, сегашниот состав го сочинуваат Зоран Тортевски (вокал), Пеце Китановски (бас) и Златко Симионовски (тапани).

Членовите со гордост го најавуваат нивниот голем концерт во Охрид, кој ќе се одржи кон крајот на јули. За на есен се очекува и нивниот петти албум поврзан со петтото откровение.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com