Mладата независна кантавторка Димитра го објави првиот албум на македонски јазик

Шарла продукција го претстави првиот албум на македонски јазик на младата независна кантавторка Димитра – „Мак мрак“ во LP издание.

Димитра е присутна на македонската алтернативна сцена од 2018 година, кога го издаде „Живот во живо“, со кој ги освои симпатиите на домашната музичка јавност, а доби и одлични рецензии во регионалните медиуми и музички портали. Оттогаш, за “Шарла рекордс” излезе и „Празни муабети“, како и меѓународно успешниот албум „Come to the Danger Club“. И на овој материјал, Димитра го има зборот како свое главно оружје, храбро мерејќи ја дистанцата од конфузната македонска и глобална реалност.

Заводливите мелодии и моќната ритам секција повторно се цврста подлога на која Димитра ги положува своите рефлексии на млад човек во немирно време и околности на почетокот на векот. Авторски силен материјал, но и музика полна со сензитивност и глас кој нуди надеж во подобри времиња.

Димитра е комплетен автор на сите 8 композиции во вкупно времетраење од 29 минути. Албумот на Димтра може да се преслуша и на одредено време слободно симне на линкот: https://sharla.bandcamp.com/album/mak-mrak-lp

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com