Награда 4-ти ноември за животно дело за композиторот Петар Георгиев – Калица

Композиторот Петар Георгиев – Калица е овогодинешен добитник на највисокото општинско признание на Општина Битола – наградата „4-ти ноември“ за животно дело, пренесува битолскиот портал АПЛА.

Калица е македонски композитор и текстописец. Познат е како автор на култната песна за Битола, „Ако одам во Битола“. Познатата песна Калица ја напиша за фестивалот Валандово, а во изведба на Октетот „Македонија“ кои за ова ја добија третата награда на жирито. Истата доживеа 12 преработки меѓу кои е и онаа од Тоше Проески. Калица е автор и на евергрините „Летај ми, летај, гулабе“ во изведба на познатиот хрватски пејач Крунослав Слабинац, „Стариот џумбушлија“ која ја изведе познатата српска фолк-пејачка Ана Бекута итн. Карактеристичен белег на неговото музичко творештво се неговите текстови на традиционални староградски песни, каде основната инспирација му е Битола, неговиот роден град. Георгиев – Калица дипломирал на Правниот факултет и положил правосуден испит. Активно работи како адвокат во родниот град.

Наградата за животно дело се доделува од 2002 година. Покрај Калица награда ја добиле уште неколку личности од областа на музиката како пијанистката Милица Шперовиќ – Рибарски и пејачката Виолета Томовска.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com