Намерно или не: Тамара Тодевска вчера вечер заборави дел од македонската химна (Фото + Видео)

Вчера вечер Тамара Тодевска која што присуствуваше на прославата на Денот на независноста на Соединетите Американски Држави 4-ти јули, која што традиционално се организира и одржува во Амбасадата на САД во Република Македонија, намерно или не, откако беше поканета да ја отпее македонската химна го изостави делот каде што се споменуваат македонските борци во Крушевската република кои се бореле за слободата и правата на македонците, Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански, кои се всушност и основачи на историската ВМРО и организатори на Илинденското востание.

Пеењето на македонската химна и верзијата на Тамара е околу 2та минута.

По големиот број на реакции од страна на медиумите, а пред се на граѓаните, Тамара денес преку Фејсбук статус се обрати на својата публика, фанови и сите оние кои реагираа и на свој начин им ја објасни целата ситуација, а меѓудругото и се извини за ненамерната и несакана таканаречена греша која што таа ја направила вчера вечер.

“Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка. Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД. Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната. Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната. Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите.

Со почит, Тамара”, напиша напиша пејачката на својата фан страна на Фејсбук.

Но и покрај извинувањето, реакциите на граѓаните не запираат, одат дотаму што дури и се цитира дел од уставот на Република Македонија каде што се вели дека секој оној кој што јавно ќе се подбива со знамето, грбот или химната на нашата држава, Република Македонија ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Недопустиво е и секако не е за оправдување македонска поп пејачка која што зад себе има голем број на хитови, награди, учества на Евровизија и слично, да си дозволи ваква или онаква грешка при пеењето на македонската химна, да заборави дел од химната во државата каде што се родила и пораснала, небитно под какви емоции, еуфорија или моменти се наоѓа таа. После овој потег на Тодевска не би сакале да прогнозираме како ќе се развива нејзината кариера, најбрзо тоа ќе го видиме со претстојниот концерт што ја очекува во Охрид дали тој ќе се оддржи и дали ќе биде посетен онака како што заслужува еден евровизиски фаворит.

Повеќе на Музика24...
1 Коментар
  1. Филип Македонски вели

    Алооо можете да јадете јака пријава за непочитување на уставот и законите. Името на државата е Република Северна Македонија и така мора да го пишувате како медиуми.

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.