“Next Time” со преработка на “Јовка Кумановка” за 500 години Куманово (Фото)

“Next Time” најавуваат нова преработка на стара македонска песна. Овој пат по повод 500 години постоење на градот Куманово направена е преработка на познатата “Прошета се Јовка кумановка”. Промоцијата е закажана за на 11-ти октомври во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, каде вооедно ќе бидат обележани и 500 години на градот.

За потсетување, “Next Time” претходно ги преработија “Ја излези Ѓурѓо”, “Слушам кај шумат шумите” и “Нешто ќе те питам бабо”. Сите преработки беа пропратени со високобуџетни спотови, па така и за оваа нова песна очекувајте филмска приказна зад која повторно се потпишува Огнен Шапковски и неговата “Мелем Продукција”.

Повеќе на Музика24...