Next Time со спектакуларен концерт во Кичево

Како што дознава музичкиот портал Музика24, по речиси 10 години, веќе препознатливите и се популарни Next Time повторно со свој спектакуларен концерт во Кичево на 17-ти август на “Китино Кале”. Концертот е со почеток од 21 часот, а на публиката како што и самите ветуваат, ќе и понудат интересна музичка програма составена пред се од нивните песни што ги создадоа во текот на својата кариера, како и своите преработени безвременски хитови – старите македонски песни “Слушам кај шумат шумите”, “Ја излези Ѓурѓо”, “Нешто ќе те питам бабo”.

Цена на влезниците во предпродажна цена се 200 денари, додека на самиот влез ќе бидат по цена од 300 денари. Влезот за сите дечиња ќе биде бесплатен.

Повеќе на Музика24...