Погледнете: Нов видео спот на скопскиот рок бенд “Fiction” (Видео)

Скопскиот бенд “Fiction” направи видео спот за нивниот трет сингл по ред за песната “Техно”, која следува после нивните песни “После дождот” (2017) и “Некој друг” (2018). Во рок бендот членуваат: Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара), Филип Андонов (гитара) и Теодор Теодосиевски (тапани).

Музиката, текстот и аранжманот се авторско дело на членовите на бендот, додека пак аудио продукцијата е на Ангел Ќосев – студио “Подрумот”.

Во продолжение, погледнете го видеото за песната “Техно”.

Повеќе на Музика24...