Нова песна со видеоспот на младата поп пејачка Антониа Гиговска (Видео)

„Магнет“ е насловот на најновото музичко остварување на младата пејачка Антониа Гиговска, која неодамна го промовираше на своите социјални мрежи. Судејќи по првите коментари и реакции од публиката, несомнено е дека Антониа има уште еден голем хит во своето „си-ви“.

Таа и овојпат довербата му ја даде на хит-мејкерот Лазар Цветкоски, кој пак уште еднаш докажа зошто е еден од најдобрите продуценти на овие простори, додека текстот е дело на познатиот рапер Тајзи, кој повторно покажа дека одлично се снаоѓа и во улога на текстописец.

По се изгледа Антониа не го менува тимот со кој што победува, па така и за оваа нова песна таа сними спот со познатиот режисер Даниел Јовески. Спотот се снимаше во Охрид, а покрај Антониа во него се појавува и моделот Симон Антиќ, кој беше дел и од видеоспотот за претходната песна на Антониа, „Магла“.

“Што да кажам? Јас сум презадоволна од целиот производ. Лазар и Тајзи направија магија од песна, Даниел сними видеоспот каков што секогаш сум посакувала. Пресреќна сум како изгледа се. Коментарите на моите блиски, колеги, фанови се феноменални, а тоа ми е најважно од се. Јас ова го правам за нив, уживам кога и тие уживаат во она што го создаваме со мојот тим”, вели младата Антониа.

Она за што исто така доби многу позитивни коментари е нејзиниот стајлинг. Многумина го нарекоа светски и дека одлично и прилега.

Инаку Антониа и нејзиниот тим веќе работат на нешто ново со кое сме сигурни дека повторно позитивно ќе ја изненадат публиката. Она што е важно да се напомене, е тоа дека за неколку месеци Антониа ќе го издаде и својот прв албум на кој веќе работат Лазар Цветкоски и Тајзи.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com