Од денес стадионот “Филип Втори”, ќе го носи името стадион “Тоше Проески”

Најголемиот стадион во Македонија од денеска го носи името на Тоше Проески. Одлуката за преименување беше донесена на денешната седница на Владата, што е трета промена на името во последните десет години. Во 2009-та, Градски стадион стана арена “Филип Втори”, а потоа, во 2016-та и 2017-та година, се викаше “Телеком арена”, врз основа на спонзорство.

“Утрово е донесена одлука за преименување на стадионот во Национална арена “Тоше Проески”, во чест на личноста која остави траен белег во македонската и во регионалната современа историја”, изјавија од Владата на Република Македонија.

Ова е еден од ретките примери во светот стадион или спортски објект да се именува според личност од поп културата. Стадионот во Грац (Австрија) неколку години го носеше името на холивудската ѕвезда и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.