„Од љубов не се бега“ нова верзија снимена од Игор Атанасоски – Харе (Видео)

Познатиот македонски музичар Игор Атанасоски – Харе инспириран од поезијата на Зафир Хаџиманов сними своја блуз верзија на песната „Од љубов не се бега“, за која е снимен и интересен видео запис.

“Позната песна на Зафир Хаџиаманов, „Од љубов не се бега“, што тој често ја изведуваше на концертите ме плени со својот текст, но јас направив поинаква музика и аранжман. Песната е напишана со едноставен народски јазик, исто како блуз мелодиите и тоа ме повлече да и дадам таков музички облик”, рече Игор Атанасоски – Харе.

Песната е снимена во студиото „Тралала Скопје“ на Мите Димовски, кој беше и продуцент, а и со своите тапани го збогати новиот аражман. На Харе кој свиреше гитара, му се приклучија и Трајко Симоновски на бас и Дамир Имери на клавијатури.

Инаку, токму оваа песна на Зафир Хаџиманов, своевремено беше дел од „Ало будење“, првиот македонски мјузикл, за кој Хаџиманов ја напиша музиката, а го режираше Коле Ангеловски и беше на репертоарот на Драмскиот театар во Скопје. Со оваа претстава театарот гостуваше низ цела некогашна Југославија, а песната „Од љубов не се бега“ се слуша сѐ до денес.

Превземено од: Нова Македонија

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com